Centar.mk
ЛОКАЛНО

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари.

Како што информираат градските власти, на мерните станици во главниот град концентрациите на ПМ10-честички во воздухот се под прагот на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.

Мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +