Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дуковски: Ова е дискриминација, најболниот во случајов е во притвор, а двајца се со поблаги мерки

Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по денешното рочиште посочи дека е дискриминација што неговиот клиент и првообвинет во „Рекет“ сè уште е во притвор.

„Дали не ви личи на дискриминација, двајца се со поблаги мерки, а најболниот во овој предмет е со судски притвор. Секогаш истите образложенија, семејна состојба, опасност од бегство. Не знам што ќе одлучи Апелациониот суд за притворот, но не ми е јасно зошто се продолжува притворот“, рече Дуковски.

Тој го дообјасни Јовановски, дека бараат меѓународна медицинска еваулација на досега извадените документи и прегледите.

„Дадени се во неколку странски земји, во Србија и во други земји, согласно ЗКП имаме право да го дадат своето мислење. Ете тоа е евалуација од друга земја“, рече Дуковски.

За наводниот криминал на Вилма Руисковска од четири милион евра, посочи да се праша Бојан Јовановски.

„Јас не знам, тоа може да го прашате ќе ви објасни детално за тоа Бојан Јовановски“, рече Дуковски./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

C +

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

C +

СДСМ: ВМРО ја навредува Македонија и го навредува НАТО на првата посета на Руте

C +