Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Времето се менува – Meteocentar со прогноза за следните денови

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои повисоки места. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува.

Во ноќните часови и во четврток претпладне сеуште ќе има повремени врнежи кои и на некои повисоки места ќе преминат во снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Прогноза за 30.01.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 5°С до 12°C
Претпладне со повремен локален дожд, на повисоките места и на планините со локален снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Прогноза за 31.01.2020
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Прогноза за 01.02.2020
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК