Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ со години не ги спроведуваше препораките на СЗО, а денес во очај се обидува да шири неоснована паника меѓу граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ со години не ги спроведуваше препораките на СЗО, а денес во очај се обидува да шири неоснована паника меѓу граѓаните, велат од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ преку погрешните политики во здравството ја урниса довербата на граѓаните во здравствениот систем, а денес и како опозиција работи против граѓаните.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува за постапување на препораки на Светската здравствена организација, кога токму оваа партија во времето кога управуваше со здравството со години ги игнорираше препораките на СЗО и епидемиолозите, што на крајот резултираше со епидемија на морбили.

Денес во отсуство на идеи и програма, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да шири неоснована паника меѓу граѓаните.

Граѓаните да бидат спокојни, состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирус во нашата држава.

Државата, надлежните институции ги следат препораките од Светската здравствена организација во врска со состојбата со новиот корона вирус, соопштија од владејачката СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК