19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фетаи предлага при изборот на обвинители да се вклучи и канцеларијата на ЕУ

Обвинителката Фатиме Фетаи предложи при изворот на обвинители за гонење организиран криминал и корупција да се вклучи и канцеларијата на ЕУ во земјава. Фетаи вели дека на овој начин би се отстраниле сите сомнежи за кандидатите кои се подложни на политички и други влијанија.

„Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во земјава преку мониторинг, почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати. Исто би кажала дека и јавноста да биде максимално вклучена, дали преку јавно објавување или на интервјуата да видиме какво претходно искуство имал кандидатот.Само на тој начин би биле способни да ја тргнеме прашината за изборот на кадрите и изградиме доверба во јавно обвинтелскиот систем“, рече Фетаи.

Таа истакна дека предложеното законско решение не е идеално, но е солидно и дека треба од Основното обвинителство за гонење криминал и корупција да се тргне делот „основно”, за да може обвинителите своите предмети да ги застапуваат и пред Апелациониот суд.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: И брат на пратеник на СДС се офајдил со над 200 илјади евра од Еразмус+, парите од агенцијата во служба за задоволување на партиските потреби

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Се развива спортската инфраструктура во државата, преку двата повици за општините од Буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти

ДЕСК

За подметнување пожари приведени досега 39 лица, зголемена ефикасноста за рано предупредување и лоцирање пожари

ДЕСК