Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Законот за ЈО е последната шанса за ВМРО ДПМНЕ да покаже дали е навистина за ЕУ и за правна држава“

-Ниту еден политички субјект нема право да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ со Законот за Јавно обвинителство. Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение за Јавното обвинителство кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства. Законот за Јавно обвинителство е последнаташанса на ВМРО-ДПМНЕ да покаже дали навистина е за ЕУ и за неселективно владеење на правото, соопшти денеска СДСМ.

„Таа последна шанса е утре, кога започнува јавната собраниска дебата за Законот кога ВМРО-ДПМНЕ има можност да покаже дека навистина се грижи за владеење на правото, за стручни, ефикасни и независни обвинители и за процесуирање на сите кривични дела поврзани со висока корупција.

Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партија која е против правдата, против независно судство и на браникот на криминалците.

Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да се остави простор за независно, стручно и објективно постапување. Тоа ќе го постигнеме само ако се донесе Законот за јавно обвинителство.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК