Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Времето драстично се менува – Meteocentar со нова најава

Денеска времето ќе биде претежно облачно и магливо со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во попладневни часови врнежите постепено ќе престануваат кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето а во текот на ноќта и во среда ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Во среда попладне и во ноќните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Потоа следува период на стабилно време.

Прогноза за 29.01.2020
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 9°С до 14°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а попладне и во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 30.01.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Претпладне со повремен локален дожд, на повисоките места и на планините со локален снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 31.01.2020
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК