Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МНР: Нема заразени македонски државјани од коронавирус во Кина

Македонското дипломатско конзуларно претставништво во Кина, информира дека досега не е пријавен ниту еден случај на македонски државјанин заболен со коронавирусот.

Како што пренесуваат од Министерството за надворешни работи нема ниту пријавени македонски државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење, на кои би им била потребна помош.

Според податоците на МНР во Кина легално престојуваат околу 100 македонски државјани, кој се во постојан контакт со нашето дипломатско конзуларно претставништво.

Германските власти денеска објавија дека размислува за евакуација на своите државјани од провинцијата Хабеј, од каде што почна да се шити коронавирусот.

Според најновите податоци од овој вирус досега починаа најмалку 80 лица, а 2.800 се заразени.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК