23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дескоска: ВМРО ДПМНЕ бара ЈО да нема надлежност за гонење на кривични дела поврзани и кој произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации

– Беше очекувано дека најголемиот товар во министерството и најголемиот закон којшто ќе биде проблем ќе биде Законот за ЈО и тоа се гледаше од самиот почеток затоа што тука има потреба од 2/3 мнозинство коешто треба да го обезбедуваме од пратеничка група на опозицијата која што има лични случаи кои се водат пред обвинителство и сега како вие ќе очекувате дека некој ќе даде поддршка на принципиелни решенија на Законот ако самиот тој е засегнат од тој закон и тука беше јасно дека ќе имаме проблем, наспроти од една страна желбата да воспоставите ефикасен систем на јавно обвинителство а од друга страна желбата и личниот интерес на некој да се спасат од тоа ЈО.“, рече министерката за правда Рената Десковска на Топ Тема на Телма вечерва.

-„Многу детално го изанализирав пресот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој се обиде да наброи 9 забелешки што ги има на Законот и во анализата се покажува дека практично првите осум забелешки не се нешто многу страшно и не се нешто што прави сериозен расцеп. Клучниот проблем којшто го имаме и клучната разлика е во 9тата забелешка кај што бара практично да нема надлежност за гонење на кривични дела поврзани и кој произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации, тоа значи дека директно или индиректно се бара да се отстрани надлежноста на кривични дела којшто беа отпочнати од СЈО..“, вели Дескоска.