24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дескоска: Обвинителите од СЈО ќе се оценуваат при конкурсот за влез во обвинителството на Русковска

Министерката за правда Рената Дескоска во вечершната емисија на Телма ТВ изјави дека станува збор за спинување од страна на опозицијата кога се вели дека, власта има желба да ги „вдоми“ обвинителите од СЈО во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таа додава дека со законот не се фаворизираат одредени обвинители и остава еднаква можност за сите кои ќе се пријават на конкурсот.

-Не е точно дека станува збор за вдомнување на обвинителите, тоа е спин од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за вработување на јавни обвинители, секој што исполнува услови ќе може да се јави на огласот. Потоа обвинителите ќе ги избере Советот на јавни обвинители. Кога давате зголемени надлежности на обвинителството за организиран криминал и корупција редно е и да им ги зголемите капацитетите, вели Дескоска.

Сепак, условите кои треба да ги исполнуваат обвинителите кои ќе бидат примени, според законот за ЈО, е непрекинат работен стаж од 6 години и позитивна оценка во изминатите 3 години. Прашањето дали ќе може обвинителите на СЈО да се пријават на конкурсот е отвара поради причината што истите немаат оценка во последните 2 години од нивното работење.

-Се разговараше за тоа, заклучокот беше за тие што немаат оценка, истите ќе бидат оценувани во рамките на конкурсот, односно ќе има оценување при изборот. Таква е праксата со нив, тој дел ќе биде решаван во рамките на Советот на ЈО. Овој закон не фаворизира никого, вели Дескоска.