На 24.01.2020 во 15,55 часот во СВР Скопје В.Т.(68) пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот на домашниот телефон во станот на нејзиниот син и се јавило непознато лице кое и кажало дека наводно нејзиниот син направил сообраќајка, при што згазил дете кое починало. Потоа тој и побарал 50.000 евра за наводно да „среди“ да не биде казнет нејзиниот син, а во спротивно тој би бил казнет со затвор до десет години.
Пријавителката му рекла дека немала толку пари по што тој ја прашал колку можела да најде.
Бонус видео:
По кратко време, му дала 135.500 денари на таксист кој го испратило лицето со кое зборувала. Подоцна оштетената исконтактирала со нејзиниот син и сфатила дека била измамена за сума од 135.500 денари. Се работи на расчистување на случајот.


