24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Агенда Дигитализација 20-24: Услуги за сите граѓани со само една најава преку мобилен телефон

На програмската трибина на СДСМ, посветена на темата „Дигитализација“, надворешните експерти заклучија дека Република Сверна Македонија е на вистинскиот пат кон целосна дигитализација и поради напорите на Владата во изминатиот период и поради капацитетот кој го има државата.

Основачот на „Systems for Enterprise“, Стефан Митески истакна дека има многу „фриленс“ даватели на дигитални услуги во државата што е позитивно.

„Според истражување на институтот Оксфорд ние сме втори по број на фриленсери во светот, не само во Eвропа, така што има доста голем број на луѓе кои даваат и извезуваат дигитални услуги и доста е позитивно тука што извезуваме мозок,тоа е една од најдобрите гранки во економијата, бидејќи додадавме голема вредност.

Што се однесува до администрацијата, одличен чекор е што ќе имаме е-услуги, се надевам дека тој момент, со едно место на најавување, ќе може да користи и во приватниот сектор, за со една најава да може да се добијат услиги од осигурителни компании, банки и други места“, рече Митески.

Експертот за дигитални комуникации, Моника Ризовска истакна дека сме во чекор со светските трендови во однос на следење на трендовите, бидејќи тоа е индикатор за успехот на секоја ИТ компанија.

„Ме радува што имаме 70% пораст на онлајн навиките кај граѓаните, тоа е доста добар индикатор дека сѐ повеќе почнуваме да веруваме и да купуваме особено од македонски е-продавници. Ме радува и фактот што 40% веќе има запишано студенти на ФИНКИ, а сигурно дека тој број ќе расте“, рече Ризовска и додаде дека верува во позитивна иднина на дигитализацијата во нашата држава.

Маријана Нешковска, прокет менаџер во „Sorsix“, смета дека државата е на правилен пат и со воведувањето на платформата е-Услуги. Таа истакна дека сега се потребни подготовски на институциите и промени во законските решенија.

„Голем напор треба да се вложи во подготовка на институциите. Приватниот сектор е многу поспремен во процесот на дигитализација, а исто така треба да се работи и на промени на законските регулативи. Како пример ќе го споменам проектот „МојТермин“. Рецептот постопи како дигитален повеќе од 6 години. Може ова вака делува смешно бидејќи сите сме сведоци дека граѓаните носат рецепти на хартија, но ако лекот не е во системот не може и да сеподигне. Затоа велам дека потребни сеи измени во законските регулативи, а веројатно до овој момент недотигаше и регистарот на граѓани кој откако сега ќе биде воведен, овој процес ќе може целосно да се дигитализира“, рече Нешковска.

Претседателот на комисијата за информатичко општевство на СДСМ, Методија Димовски, потсети на револуционерниот чекот направен пред петнаесетина години во однос на дигатализација, кога се направи „аплај он“ системот.

„Тогаш го систематизиравме пријавувањето за работа во државната администрација во тоа време. Сега тој систем е проширен и надграден и ги опслужува добар дел од другите институции во јавниот сектор. Значи 15 години имаме дигитализација на најголемиот дел на тој процес. И она што е куриозитет, тој софтвер во тоа време беше и награден и признаен од Европа. Веќе се претвораме во “tech” земја и треба да инвестираме во тој дел.