Centar.mk
ЛОКАЛНО

Заврши изградбата на атмосферската канализација на улицата Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров

Дел од улицата 4 Јули, односно Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров, доби нова атмосферска канализација.

По барање од Град Скопје и Општина Ѓорче Петров, беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација за дел од улицата Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров.

„Со реализација на проектираната атмосферска канализација во должина од 600 метри и дијаметар од 400 милиметри се создадоа услови за идно проектирање, а потоа и изградба на атмосферска канализација и по другите улици во овој дел од неселбата. Трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за овој локалитет“, соопштија од Општината.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го обезбеди потребниот материјал за реализација на овој проект во вредност од 1.253.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК