Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Прентовиќ: Со режимското однесување Трипуновски врши притисоци, мобинг и закани за администрацијата

-ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување покажува дека тоне во очај и безидејност и продолжува да работи против интересите на граѓаните. Однесувањето на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е класично режимско однесување, кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци, мобинг и закани за губење на работни места врз администрацијата. Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица во Берово Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор. Ништо друго и не може да се очекува од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност, изјави на денешната прес конференција, Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ.

„Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на опозицијата и Христијан Мицкоски.

Назначувањето на Трипуновски, личност која организираше партиски протести на лажни земјоделци само го потврдува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците.

11 години оваа партија ги потценуваше и злоупотребуваше земјоделците, продолжи да го прави тоа и како опозиција, а продолжува да го прави тоа и сега кога има дополнителен заменик министер во преодната влада.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ – изјави Прентовиќ.

Loading…


Во тренд…