Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мираковски на трибината Агенда Воздух 20-24: Државата да инвестира во научни трудови за намалување на загадувањето

Професорот Дејан Мираковски на програмската трибина на СДСМ на која се дискутира за начините и мерките преку кои ќе се намали загадувањето на воздухот истакна дека државата треба ја користи науката за да се изнајдат решенија за надминување на проблемот со аерозагадувањето.

Државата мора да инвестира во научни трудови, истражувачки групи кои преку својата работа ќе изнајдат решенија и стратегии против загадувањето на воздухот, истакна Мираковски.

Дискусијата за тоа кој најмногу загадува во јавноста е пристуна повеќе години, но јавноста тоа не треба да го утврдува, постојат бројки и податоци кои покажуваат кои се доминатнти извори на загадување. Причинители за загадување на воздухот се повеќе, но научниците и нивните трудови може да помогнат во изнаоѓање на трајни решенија и тоа треба да се искористи, посочи професорот Мираковски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК