Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пендаровски на форум во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре, ќе престојува во посета на Израел, каде што ќе учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27 јануари, и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц – Биркенау.

Форумот ќе се одржи во светскиот меморијален центар на холокаустот, „Јад Вашем“, во Ерусалим, на 23 јануари, а се очекува присуство на над 40 шефови на држави и влади, како и членови на кралски семејства.

Во рамките на форумот претседателот Пендаровски ќе присуствува на конференцијата на тема „Сеќавање на холокаустот и борба против антисемитизмот“, како и на меморијална церемонија на полагање цвеќе.

Пендаровски ќе има билатерална средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, како и со други шефови на држави и влади учесници на форумот.

За време на присуството на форумот во Израел, Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК