Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Одлична вест за граѓаните: Државата дели по 1000 евра за инвертер клими во домаќинствата – проектот стартува денес

Проектот клима инвертери за граѓаните ќе стартува денес, веднаш по владината седница во Штип, најави заменик министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Макрадули посочи дека нема правни пречки за реализација на големиот еко-проект.

-Расчистени се сите правни дилеми, пренесени се финансиските средства до општините, а тие со своја програма ќе ги определат зоните и ќе овозможат имплеметација на проектот за клима инвертери. Мислам дека проектот ќе стартува денес веднаш по владината седница во Штип, изјави Макрадули кој во Битола ги посети основните училишта „Кирил и Методиј” и „Александар Турунџев” каде со поддршка на МЖСПП се реализираат еко-проекти.

Со проектот на Владата се предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат субвенции од по 1000 евра за купување инвертер клима во замена со печките на огревно дрво. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.

Можеби ќе ве интересира

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

C +

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +