13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Локвенец: Со измените на Законот за служба во Армијата обезбедуваме подобри услови за работа во Армијата

-СДСМ е доследен во реализацијата на стратешките реформи кои се дел од процесот за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО. Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, предложени од Владата предводена од СДСМ, кои овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО. Измените обезбедуваат подобра амрија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО, изјави на денешната прес конференција на СДСМ, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

„Со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.

Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.

Ова е историски успех на политиките на СДСМ, ова е историски успех за државата и за сите граѓани.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.“ – изјави Локвенец.

 

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.