Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Почина 19 годишното момче кое тешко беше повредено во несреќата на патот Тетово-Скопје

Почина 19-годишниот Бојан С., еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста таканаречена „требошки натпатник“.

Се судрија товарно возило „мерцедес“ со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса”. Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар М. Б., роден 2001 година, исто од Сараќино.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК