24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„СДСМ е на страната на интересите на граѓаните, присилното извршување намалено од 1/3 на 1/5 од примањата и целосно изземање на социјалните категории на граѓани“

-СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат подобар животен стандард за сите граѓани, соопшти денеска СДСМ.

„Во таа насока се и измените во Законот за извршување усовоени од Собранието со кои покрај што се намалува делот за извршување, целосно се иззема извршувањето на најранливите категории на граѓани.

Согласно овие измени, наместо досегашниот износ за извршување на 1/3 од примањата, сега тој се намалува на 1/5 од просечната плата или пензија .

Додека пак, извршувањето на примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица, сега целосно се изземаат од извршување.

Ова значи крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани, градиме фер и праведно општество.

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

СДСМ како партија била и останува на страната на интересите на граѓаните, со посебен акцент на најранливите категории односно на страната на оние на кои им е најпотребна помош.“ – се вели во соопштението.