Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фирма на Македонец во Бугарија внесувала сомнителен отпад од Италија

Фирма „Блацион”, стационирана во Софија, чиј управител е македонскиот државјанин Блаже Игнатовски увезла отпад од Италија кој пристигнал во бугарското пристаниште Варна, објави бугарската БТВ Новините.

Обвинителството во Варна покренало истрага за товарот по информациите за нарушување на редот за прекуграничен пренос на отпад. Според информациите на телевизијата, засега нема приведени лица.

Испраќач на товарот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино. Според информациите на Регистерот на компании во Бугарија, покрај Игнатовски, содружници во фирмата се македонскиот државјанин Горан Ангелов, кој е директор на депонијата „Дрисла“ и италијанските државјани Енцо Боче и Винченцо Трасари.

Од редакцијата на„Фокус“ побара коментар од Ангелов за ова, но не добиле никаков одговор од него.

Надлежната обвинителка Невена Илиева посочи дека отпадот што стигнал во Варна се разликува од декларацијата во царинската документација. Имено, наместо пријавените пластични отпадоци и каучук, во балите имало различни други текстилни, стаклени и дрвени отпадоци.

Според описот во Регистарот е наведено собирање, третман и трговија со отпад од домаќинствата, а сега истражните органи проверуваат дали фирмата „Блацион” имала лиценца за преработка на отпад и дали содржината на 25-те контејнери е во согласност со дозволата.

Друг прекршок во врска со овој товар е што отпадот не е вакумиран и балиран, како што налага законот за прекуграничен пренос на отпад.

Извор – БТВ Новините.

Можеби ќе ве интересира

Се роди првото бебе – женско е!

ДЕСК

Студен удар во петок: Температури под нулата и снег во делови од земјата – детална прогноза за првите 4 дена од годината

ДЕСК

Одобрен Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица

ДЕСК