14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Усвоени измените на законот за одбрана предложени од СДСМ, градиме кадар според стандардите на НАТО

-Собранието ги усвои измените на Законот за одбрана, предложени од СДСМ, кои овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО, соопшти СДСМ.

„Измените предвидуваат подобра амрија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО.

Законот обезбедува месечен додаток за вработените во армијата решавање на станбеното прашање во висина од 7.000 денари, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.

Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.

Ова е историски успех на политиките на СДСМ, ова е историски успех за државата и за сите граѓани.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Спонзорирано: