Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Од високи функционери имав понуди да се подели Македонија

Претседателот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети вели дека порано му била понудена поделба на Македонија врз етнички линии, но дека ја одбил таквата понуда.

Тој во интервју за „ABC News“ изјави дека неговата партија нема да прави коалиција со ниту една друга албанска или македонска политичка партија и на изборите ќе излезат сами.

Секоја поделба на оваа земја ќе биде штетно, многу штетно за Албанците, но и за Македонците. Оти не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија. Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме универзитет, јазик во Собрание и институции и наши симболи“ – истакна Ахмети.

Во интервјуто вели дека понудата за поделба му ја нуделе високи функционери.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК