21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Нашата земја очекува полноправно членство во НАТО пред изборите во април

Нашата земја го очекува полноправното членство во НАТО пред изборите во април. Во меѓувреме се исполнуваат сите обврски и одговорностите за нашата партиципација во алијансата, вклучувајќи ја и модернизацијата на армијата и нејзиното финансирање согласно стандардите на НАТО, рече премиерот Оливер Спасовски на средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

Спасовски нагласил дека паралелно со активности за организирање на предвремените избори во април, Владата останува посветена на стабилизирање на демократијата, на спроведување на реформските процеси, на одржувањето на политички дијалог, стабилни меѓуетнички односи и функционални институции, како аргументи за позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите во претстојниот период.

Во однос на организацијата на изборниот процес, Спасовски истакнал дека Владата редовно соработува со надлежните институции за спроведување на изборите, во прв план ДИК и ДКСК, како и со сите меѓународни организации, кои како набљудувачи ќе ги следат изборите и изборната кампања, со нагласена намера да го задржи признанието и највисоките оценки за успешно спроведените изборни процеси за време последните локални и претседателски избори.

Амбасадорката изразила уверување дека нејзината земја останува посветен партнер и сојузник на нашата земја и дека се охрабрувачки најавите дека Европската комисија бргу ќе ја донесе новата методологија за проширување и дека се надева дека Северна Македонија потоа ќе го почне процесот на преговори по поглавја како нова, значајна фаза во обезбедувањето членство во ЕУ.

На средбата, како што соопштија од Владата, заеднички било потенцирано дека доведувањето во прашање на досега постигнатите реформи и договори, особено договорите со Бугарија и Грција, можат да донесат сериозни последици за земјата и за нејзините стратешки интереси.

Спонзорирано: