Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје – 6 лица повредени

Шест лица се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа во Скопје.

-Вчера во 07:40 часот во атар на село Студеничани-Скопје во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Р.Б. од село Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот М.Н. од село Студеничани. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од село Студеничани. Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од село Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од с.Студеничани.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје – информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК