Од новата стратегија и програма во културата особено би ги истакнал професионализацијата на секторот култура и европската насоченост и перспектива, кои се посебно важни.-истакна Никола Ефтимов, моден дизајнер на трибината Агенда Култура 20-24, во организација на СДСМ.
Тој посочи дека професионализацијата на секторот култура е особено важен затоа што конечно ќе работат луѓе кои се професионалци во својата област и токму така можеме да очекуваме вистински напредок. А во поглед на европска перспектива, можеме да посочиме дека таму и припаѓаме како култура, но тоа е и можност да се компарираме со другите.
Ефтимов посочи и дека од голема важност е едукацијата, бидејќи токму таа генерира нови кадри.
Модата е сериозна индустрија е гранка која опфаќа едукација на дизајнери и технички дел од работата, маркетинг, илустратори и многу други професии поврзани околу модата.
Она кое што треба да се направи е вградување на креативноста на претприемништво во нашите институции. Иако 30 години се многу но не се ништо во однос на некоја поширока историја и цивилизација и ниту еден напор изминатите години не е залуден. Се радувам на идните генерации затоа што индустријата почна да се гледа и да ги цени професионалците, заклучи Ефтимов.