Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Јаболкото еликсир на животот

Јаболките и вежбањето се клуч за здравиот живот. Ако пред секој оброк изедете по едно јаболко, го намалите внесувањето на маснотии и вежбате три пати неделно, побргу ќе ослабите.

Растителните влакна и ензимите што ги содржи јаболкото делуваат како природни дигестиви и го забрзуваат движењето на храната низ вашиот систем за варење. Бидејќи ова овошје бргу ќе ве засити, помалку ќе јадете. Немојте да заборавите дека јаболката не треба да ги лупите, бидејќи поголемиот дел од витаминот Ц и А се наоѓаат непосредно под лушпата. Затоа, најдобро е само да го измиете јаболкото. Бидејќи содржи повеќе фосфор и железо од останатите овошја, јаболкото е добро и за помнење. Ако редовно го земате ова овошје во комбинација со млеко, ќе се подмладите, а кожата ќе ви биде блескава и здрава.

Сочните јаболка се одличен избор и за ужина, бидејќи го спречуваат губитокот на течности од организмот. Кога ќе ви се пријаде благо, ова благо овошје ќе ви помогне да ја надминете кризата. Покрај тоа ќе во го подигне нивото на шекерот во крвта, исто како и чоколадото и бомбоните.

Ако изедете јаболко, особено ако сте на работното место и морате да седите, ова овошје ќе ве смири и ќе ви ја намали напнатоста.

Затоа не чекајте. Загризете и – уживајте!

Loading…


Во тренд…