Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Алкохолот е корисен за постарите жени

Постарите жени кои конзумираат умерени количини на алкохол, ментално подобро функционираат, покажало едно истражување спроведено во Соединетите Американски држави.

Експериментот, спроведен врз седум илјади испитанички покажал дека жените кои секојдневно конзумираат две до три чашки алкохол имаат подобри мисловни способности, во однос на жените кои воопшто не пијат алкохол.

Подобрувањата се однесувале на концентрацијата, вербалните способности, памтењето, како и на апстрактните мисли.

Научниците засега не можат да утврдат на што се должат ваквите резултати, но, напоменуваат дека нивното истражување не треба да се сфати како поттик за конзумирање на алкохол.

Можеби ќе ве интересира

Ослободете се од вишокот на килограми со балансиран напиток богат со витамини, протеини и диетални влакна

ДЕСК

Дали имате над 40 години? Овие намирници ќе ви го олеснат процесот на слабеење

C +

Како да уживате во овошјето, а сепак да внимавате на шеќерот

C +