16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со лаги бара алиби за извесниот изборен пораз на 12 април, официјални информации потврдуваат дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор е намален за 445 лица

-ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од стегите на груевистичката матрица и не може да се помири дека денес институциите функционираат професионално, ослободени од притисоци и закани, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Партизацијата на институциите беше апсолутен симбол на 11 годишното режимско владеење на опозицијата, кога вработените во администрацијата беа користени исклучиво за партиски цели.

Згора на се ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со бројки, ги криеше вработувањата и не вработуваше согласно со годишните програми на институциите.

Разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од евидентна.

Владата предводена од СДСМ јавно ги соопштува вработувањата на неопределено и определено време, базирани на официјален извор на информации.

Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во месеците ноември и декември 2019 година, бројот на вработени на определено и неопределено време, на кои им престанал работниот однос, изнесува 6.460, а во исто време бројот на вработени кои засновале работен однос, изнесува 6.015. Ова значи дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор е намален за 445 лица.

Денес, секое вработување во јавната администрација се врши согласно годишните програми на институцијата и се запазуваат сите законски регулативи.

Соочени со убедлив и извесен пораз на претстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бараат алиби.

Граѓаните многу добро се сеќаваат на режимското криминално владеење на опозицијата и го препознаваат и во сегашните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, затоа на 12 април јасно ќе порачаат – режим никогаш повеќе.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК