14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Објавени добитниците од Мој ддв – Дали сте меѓу нив?

Извлечени првите 15 добитници на 100 000 денари од наградната игра Мој ДДВ, #МојаНаграда!, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Шест од наградите ги добија граѓани од Скопје, по две добија граѓани на Велес и Штип и по една парична награда заврши во Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка.

“Се надевам дека овие среќни празнични денови ќе бидат уште посреќни за петнаесетте добитници. Благодарност до сите кои придонесувате во заедничката борба со сивата економија.

Честитки на добитниците, а на сите останати ви посакувам многу среќа во некое од следните извлекувања”, додаде министерката.

 

Можеби ќе ве интересира

ЕВН Македонија и СОС Детско село ја прошируваат соработката за поддршка на младите

ДЕСК

„ Исплатени средствата за добитниците од претходната програма за субвенции“

ДЕСК

Телеком ги повикува гејмерите да се пријават за T-esport Championship, со награден фонд од 100.000 евра

ДЕСК