Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Героски: Никогаш не сум бил толку често и толку бедно клеветен и навредуван како овие три години

Никогаш не сум бил толку често и толку бедно клеветен и навредуван како овие три години, вели новинарот и уредник на „Плусинфо“, Бранко Героски, кој во денешната колумна открива што сè поминал од првите објави за случајот Поткуп во кој познат бизнисмен е фатен како нуди пари на Боки 13-ка за да издејствува поблага казна.

– Mојот најнов напис за аферата „Рекет”, освен очекуваните панични коментари дека сум ширел лажни вести и дека сум бил експонент на мафијата, е дочекан и со уште една нова мантра – Героски вака пишува зашто му е дадена слобода на говорот, инаку за вакви написи, во времето на Груевски, би завршил во банкината на свиокот каде што настрада Никола Младенов (теза на Бранко Тричковски смртозборецот).

За тоа кој ја зборува вистината, а кој лаже, предлагам да почекаме малку. И во јуни лани, кога ги пишував моите кодирани приказни за аферата „Рекет“, безмалку сите велеа дека ширам лажни вести. За потоа во јули да уследат истраги, апсења ит

Што се однесува до тезата дека некој „ми дал” слободно да говорам и да пишувам, тоа е најголемата глупост и истовремено најголемата лага што е напишана во последно време. И за мене и општо, пишува денеска Героски.

Додава дека секогаш имал слобода на говор, а дека слободно говорел и пишував и „во времето на режимот на Никола Груевски“.

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

ДЕСК

Фрчкоски: Фокусот на мене е дефокус од мигранти за пари, криминал и корупција

ДЕСК

Калеска Ванчевска: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт

ДЕСК