Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Трипуновски е остаток од режимот на Груевски

Трипуновски е остаток од режимот на Груевски кој со години ги понижуваше и манипулираше земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на 12 април, велат од СДСМ по повод назначувањето на Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Со години Трипуновски беше дел и ги поддржуваше погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството, преку кои беше погазуван трудот на земјоделците. И по заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски продолжи надвор од Законот да манипилира со земјоделците, за што му беше доделен отказ од позицијата Државен советник во МЗШВ.
Кадарот на Груевски, Цветан Трипуновски беше меѓу главните организатори на партиските собири на ВМРО-ДПМНЕ кои лажно беа претставувани како протест на незадоволни земјоделци, иако на нив недостасуваа вистински земјоделци, а присуствуваа само членови и активисти на опозициската партија“, нагласува СДСМ преку соопштение.

Партијата потсетува дека против Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што го оштетил министерството за 117.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК