9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Забрана за влез на товарни возила во Грција поради очекувано невреме

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 5 часот утре до 24 часот на 6 јануари, според добиените информации од грчките погранични служби, се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.

Спонзорирано: