Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Приведен 44-годишен штипјанец,пронајдени неколку пушки,пиштоли, куршуми (Видео)

Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во рамки на Одделот за криминалистичка полиција во координација со Отсекот за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при СВР Штип, по претходно обезбедена судска наредба, на 03.01.2020 од 16.30 до 17.40 часот во Штип изврши претрес во домот и други простории кај М.Б.(44)од Штип.

При извршениот претрес, од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19мм, малокалибарска пушка „симун“, пушка-карабин, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми, различен калибар, војнички ножеви, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот Законик на РСМ, М.Б. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица, а пронајдените оружје и муниција се одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +