Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Муслиу: Наќе Чулев ме заобиколи да собирам информации за „Диво Насеље“

„Не знам која беше целта на тогашниот директор да ме заобиколи во процесот на собирање на информации, грешка е во постапките и оваа работа наскоро ќе се разјасни“, вели актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу за ТВ21.

Муслиу за ТВ21 додава дека имало внатрешна истрага во Агенцијата за разузнавање за случувањата во Куманово, но не прифати да каже дали Наќе Чулев има кредибилитет да биде на чело на МВР 100 дена.

„Мојата изјава е јасна. Како што ветив и зацртав пред себе и раководниот кадар, ние работевме и завршивме една обврска. Внатрешната истрага за неколку случаи од минатото, не толку далечно, во Агенцијата за разузнавање заврши. По ова, ги информиравме надлежните органи“, додава Муслиу.

ДУИ изрази загриженост бидејќи работел во Кабинетот на поранешниот Претседател, Ѓорги Иванов за време на настаните во кумановско Диво Насеље.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК