Centar.mk
МОЗАИК

Бадникови обичаи и верување за да ве следи здравје цела година

Православните христијани во понеделник го прославуваат Бадник, ден пред најголемиот празник Рождество Христово – Божик.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка.

Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Ден што менува сè: Хороскоп за 12 јануари 2026

ДЕСК

Хороскоп што предупредува: не ги игнорирај сигналите на 11 јануари

ДЕСК

10 јануари ќе ви го смени погледот на животот – хороскоп што погодува право во срце

ДЕСК