Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(фото) Зоран Заев вечерва кај Оливер Спасовски – Ова е пораката која ја соопшти лидерот на СДСМ

Фејсбук статус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев:

Со изборот на преодната влада и со Оливер Спасовски на нејзино чело, извршната власт е во сигурни раце, особено кога станува збор за нејзината првенствена обврска да се организираат фер, демократски и ефикасни избори кои ќе обезбедат брза и легална институционална постапка за избор на нова влада. Оваа преодна Влада е во сигурни раце и кога е во прашање континуитетот на напредокот на земјата кој бележи силен нагорен тренд.

Сега сите политички структури во Владата имаат обврска да обезбедат натамошно јакнење на институциите, а не опструирање внатре во институциите.

Апелирам опозицијата да биде одговорна и да не го злоупотребува овој преоден период.

Влегуваме во година во која со нова изборна победа СДСМ ќе продолжи да го прави најдоброто за секој наш граѓанин за да потврдиме дека големите успеси не беа случајни, туку дека се здрави насоки за избраниот, исправниот пат.

Северна Македонија и македонските граѓани, целата наша нација е достојна за евро-атлантското семејство на сојузници и пријатели. Граѓаните се знаменосци на прогресот и на демократските вредности и токму тие со одлуката на 12 април ќе бидат засилувач на нашата внатрешна и надворешна интеграција.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК