20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов: Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, против Уставот се само да не ја признаат својата грешка, Мицкоски да предложи друг кандидат

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани,

Ништо не се променило во ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски продолжува по старо, против правдата, против Уставот, против изборите и против граѓаните.

Исто како и Никола Груевски, тврдоглаво, Христијан Мицксоки нема доблест да ги признае своите грешки.

Во белиот дворец им остана навиката да не прифаќаат ништо разумно и во интерес на граѓаните, дури и кога цела нација гледа дека со својот предлог го кршат Уставот.

Ова е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не се променети ниту малку. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се спремни да нанесат штети на Уставот и државата само да не ја признаат својата еклатантна грешка.

Членот 97 е јасен, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција.

Кршење на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, најмалку принцип.
Ние, исто како и граѓаните имаме отпор против кршење на Уставот.

Некакви измислени алиби приказни за кршење на Уставот е несериозно да се коментираат. Измеша Мицкоски денеска и Статут на СДСМ со Устав, што е апсурдно и срамно.

Мицкоски нека преземе одговорност и нека предложи кандидат за технички министер за внатрешни работи кој ќе биде во согласност со Уставот и веднаш, уште утре да ја формираме техничка влада.

На 12 април, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги чека уште еден пораз.