Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукајќи петарди скопјанец си го запалил станот, пожарникарите едвај го спасиле во бессознание

Осум интервенции кои се успешно завршени имала територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во текот на новогодишната ноќ.

Причинета е материјална штета, а само во еден случај има повредено лице кое најверојатно користело пиротехнички средства.

„Во 23:00 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули БитПазар на тераса од употреба на Пиротехнички Ракети настанат е ПОЖАР во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание. Одма е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот. БППЗ-Скопје укажува дека и покрај апелите за правилна употреба на пиротехника, тоа без упатство е опасно“, напишаа од Пожарна Скопје на својата фејсбук страница.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ТИ ДАДАТ ПАРИ НА ЗАЕМ, А ПОТОА И КОЛАТА ЌЕ ТИ ЈА ЗЕМАТ – Обвинителството истражува организирани изнуди

ДЕСК

Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија по повод 30 години од основањето на Уставниот суд

ДЕСК

Собраниска делегација на состанок на ПС на ЦЕИ ПД во Букурешт

ДЕСК