Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа во Македонија: Малолетници излетале со возило

Околу 17.40 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишен малолетник од Струмица, излетало надвор од патот.

Во незгодата, сопатниците А.О.(20) и 13-годишен малолетник, двајцата од Струмица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште двајца малолетни сопатници, на возраст од 14 и 15 години, двајцата од Струмица, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Клинички центар Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +