12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници на паркинзите на ПОЦ

На 31 декември, вторник, отворените паркинзи на ПОЦ ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот. Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 1 јануари, среда, ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 2 јануари, четврток, со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (понеделник) и 07.01. (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари со вообичаено работно време.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.