Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Загинатиот полицаец на автопатот Тетово-Гостивар бил удрен од две возила

Министерството за внатрешни работи објави детали за вчерашната несреќа во која еден полицаец загина, а друг е повреден во сообраќаен инцидент додека обезбедувале место каде претходно се случила друга сообраќајка.

Како што информираат од МВР, во 19:05 часот на автопатoт Тетово-Гостивар, во близина на местото викано „Тумчевишка клучка“, автомобил „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 31-годишник од кичевското село Грешница, удрил во двајца полицајци П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале должност за обезбедување на место на претходно случена сообраќајна незгода.

Кратко потоа, автомобил „фолксваген голф“ со тетовска регистрација управуван од 39-годишник од селото Синичане, кој се движел во правец Гостивар-Тетово, удрил во еден од двајцата веќе паднати полицајци.

По незгодата, со амбулантно возило полицајците биле пренесени во медицинскиот центар Гостивар, каде кај П.Ѓ. била констатирана смрт, додека кај Ф.Ш. биле утврдени тешки телесни повреди.

По насока на јавен обвинител, 31-годишниот возач на „форд фокусот“ е уапсен во полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +