Centar.mk
ЛОКАЛНО

И Општина Карпош ќе доделува субвенции за електрични тротинети

По Град Скопје, и Општина Карпош ќе доделува субвенции за електрични тротинети од следната година.

Советниците денеска го изгласаа новиот буџет на Општината. Со него ќе се одвојат средства за предвидениот парк во населбата Карпош 4, ќе бидат засадени повеќе тревни површини со кои хортикултурно ќе се облагороди локалната самоуправа.

Првпат Општината ќе доделува и субвенции за електрични тротинети, со што, како што велат од таму, ќе продолжи заложбата на Општина Карпош за намалување на аерозагадувањето како еден од проблемите и предизвиците со кои се соочуваме сите во Скопје.

Исто така, со новиот буџет се предвидени и средства за водовод во населбата Средно Нерези, како и за реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 1.

Милорад Луковски како заслужен граѓанин на општина Карпош во областа на животните достигнувања во спортот со одлука на советниците ќе добие финансиска поддршка и во 2020 година.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК