23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкетите покажуваат сериозна предност на СДСМ и Зоран Заев: Владините партнери ќе “растурат” на претстојните избори

Анкетата на МЦМС покажува сериозна предност на СДСМ од 22,1 пред ВМРО ДПМНЕ која иа рејтинг од 20,4 процент.

Според МЦМС, доколку утре се одржат избори, 22,1% од граѓаните ќе гласаат за СДСМ а 20,4% за ВМРО-ДПМНЕ, што е предност од неколку пратеника.

ДУИ би добила 6,6 отсто, а Алијансата на албанците 2,6 проценти.

Меѓу политичарите, најпопуларен е премиерот Зоран Заев, кој има рејтинг од 16,5 проценти, додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ има 14,2 проценти.

Анкетата била спроведена од М-Проспект теренски од 15 ноември до 1 декември 2019 година, кое за МЦМС и ИДСЦС на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

И други анкети покажуваат силна предност на СДСМ и сигурна победа на премиерот Зоран Заев

Centar.mk дознава дека СДСМ има голема предност пред опозицијата, и во истражувања за потребите на меѓународни институции.

Со слични информации дека СДСМ е во големо водство излезе и македонскиот премиер Зоран Заев, кој соопшти дека според анализите СДСМ на претстојните избори ќе освои од 60 до 120 илјади гласови повеќе во однос на ВМРО ДПМНЕ.

Ј.С.