25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Ако опозицијата ги кочи законите можно е да не поднесам оставка

Јас сум првиот што секогаш го почитува дијалогот и сега имам намера целосно да го испочитувам, но нема да понесам оставка ако некој ги блокира законите во Собранието, а без поднесување на оставката нема почнување на постапката за одржување на изборите. Ова денеска го истакна премиерот, Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека би сакал да се почитуваат процедурите, но ако се дозволи опозицијата да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, но и за реализација на државните проекти кои живот значат за граѓаните, тоа се серозни причини да стане збор дури и за одложување на изборите.

Премиерот сепак рече дека партијата се подготвува за избори, а во петок партијата има закажано седница на Централниот одбор, на која треба да се одлучи за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Запрашан дали министерот Оливер Спасовски е негов предлог за технички премиер, Заев рече дека тоа ќе го каже на органот што одлучува, по што и на граѓаните ќе им соопшти кој бил негов предлог и каква е одлуката на органот на партијата.