25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2019 година

Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, избраа „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје.

Преку тајни купувачи за најдобри три ресторани се оценети: 1.Скопски мерак, 2. Bushi restaurant & terrace bar и 3. mkc club & restaurant.

Најдобри гостилници се: 1. Градска кафеана, 2. Дебар маало и 3. Кафана.

Најдобри кафулиња се: 1.Speakeasy, 2. ДОБАР и 3. DEUS; и најдобри Lounge и мезе барови се: 1. ДISTRIKT BAR & KITCHEN,2. BrooklYnski JAZZ Bistro и 3. Barbakan Bistro Bar.

На Манифестацијата којашто традиционално се оддржа по 12-ти пат, плакетите на најдобрите им ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје. Тодоров смета дека Скопје има со што да се пофали кога се во прашање угостителските објекти од овој тип, бидејќи се следат светските трендови, се отвораат нови, поубави локали и стандардите растат.

Тодоров се заблагодари на Агенцијата “SWOT Research” за професионалната посветеност и изрази надеж за долгогодишна соработка.