11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Филипче: Во континуитет ги зголемуваме платите на здравствените работници

Министерството за здравство информира дека за две години направени се рекордни покачувања на платите во јавното здравство.

Од септември 2018 година во континуитет почнаа да се зголемуваат платите на здравствените работници, велат од Министерството.

Нагласуваат дека вкупно, со предвиденото зголемување на платите во февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист се зголемува за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто, на општите лекари за 25 и на здравствените соработници за 15 проценти.

„Имавме повеќе средби со администрацијата и со помошно-техничкиот персонал. Не можеме администрацијата да ја одделиме од останатата администрација во другите сектори во другите ресори. Во повеќето наврати во кои се сретнавме укажавме на тоа дека и покрај тоа што сакаме да пробаме заедно со Министерството за информатичко општество и администрација да направиме доколку може законски измени за таа администрација да се иземе од останатата, па да имаме простор во иднина тоа да го направиме. Сега зависиме и од средствата кои треба да се имаат предвид за зголемување на плати и за останатата администрација“, потенцираше министерот Филипче.

Додаде дека зголемени се коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, а некои типови на дежурства се зголемени два, односно три пати.

За првпат, додаваат од Министерството, приватните специјализанти се платени за својата работа во висина од просечна плата на општ лекар. Приватните специјализанти доктори на медицина од конкурсот во 2019 ќе бидат платени за работата од месец февруари 2020 година, со што се изедначуваат со статусот на нивните колеги кои за првпат добија надоместок за својата работа во 2018 година.

Спонзорирано: