Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија

На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски насилно ги избрка прво новинарите од собраниската галерија, а потоа насилно ги исфрли пратениците од опозицицијата тогаш предводена од СДСМ, велат од владејачката партија преку соопштение.

„24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која ќе кулминира на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието. Денес, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата се уште е раководена од Никола Груевски, избеганиот криминалец во Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само неговиот портпарол“, нагласува СДСМ.

Според владејачката партија и денес ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против интересите на граѓаните.

Со секој нов ден, велат од СДСМ, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ ескалира, соочени со паниката од извесниот изборен пораз.

„Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Кочничарска ја блокираа седницата со нелогични и неосновани барања за промена на дневниот ред. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кочат и блокираат бројни закони кои се во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Блокираат се што не е по планот на Груевски. Блокади, кочења, опструкции, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Ниту една мерка, ниту една идеја како да се подобри животот на граѓаните“, додава СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК