24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Штип доби дневен центар за лица со попреченост

Во Штип почна со работа нов дневен центар за лица со интелектуална попреченост постари од 18 години.

На отворањето присуствуваше министерската за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека центарот има капацитет од 20 лица, а во моментот го посетуваат 15 корисници, кои добиваат дневно згрижување, стручна работа и рехабилитација.

„Развојот на ваквиот вид услуги на локално ниво ги следи индивидуалните потреби на секое дете и лице со попреченост и на нивните семејства. Овие сервиси се мост до другите системи на поддршка. Само така можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството“, порача министерската.

Просторот на центарот е обезбеден од Општината, а набавката на опремата со дополнителна опрема и дидактички средства се планирани од МТСП за 2020 година.

Министерството за труд и социјална политика ја поддржува работата на 32 дневни центра, кои ги посетуваат околу 450 деца и лица со попреченост./Makfax