Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со пензионираните генерали во Армијата

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, оствари работна средба со пензионираните генерали во Армијата на Република Северна Македонија.

Пендаровски на средбата потенцира дека земјата како идна членка на НАТО ја презема обврската да придонесува во овој колективен систем на безбедноста, каде што нашата Армија ќе биде рамноправна и компатибилна со сојузничките армии од другите земји членки на алијансата придонесувајќи за глобалната безбедност.

Претседателот и врховен командант на Армијата, заблагодарувајќи им се на пензионираните генерали за несебичното залагање и придонес во градењето на Армијата, истакна дека тие и натаму треба да го даваат својот придонес, а државата да го користи нивното знаење и искуство во натамошните реформи, обучување млади кадри и подготовка на нови законски проекти во интерес на Армијата и државата.

Претседателот нагласи дека ги поддржува реформите во одбраната и развивањето професионална и модернизирана Армија и рече дека се залага за подобрување на животниот и професионалниот стандард на припадниците на Армијата, како и зголемување на одбранбениот буџет на 2 отсто од БДП во согласност со критериумите на НАТО. Пензионираните генерали изразија задоволство и благодарност до претседателот за организирањето на оваа средба и изразија подготвеност за нивно вклучување во процесите и предизвиците што претстојат, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК